Вардар Неготино победнички го стартуваше плеј-офот!

Екипата на Вардар Неготино имаше победнички старт во плеј-оф фазата од прволигашката конкуренција, откако на домашен терен славеше над Јехона со 39:32.

Неготинци водеа од самиот почеток, а во ниту еден момент гостите од Гостивар не успеаја да дојдат до израмнување.

Домашниот тим на пауза замина со предност од 17:12, а во ист ритам продолжи и во второто полувреме, зголемувајќи ја разликата, па така гостите немаа никакви шанси за кам-бек.

Во редовите на Вардар Неготино имаше расположени ракометари – Мирослав Митевски имаше девет реализации, по осум имаа Илија Димов и Костадин Петров, а седум погодоци запиша Драган Кузманов.

Најдобар стрелец кај Јехона беше Адис Салиу, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со 11 погодоци.