Уште еден израелски тим се откажа од Европа

По машките тимови на Хапоел Холон, Макаби Ашдод и Макаби Ришон Ле Зион, од европските купови се откажа и единствениот женски претставник на Израел.

Станува збор за Макаби Аразим Рамат Ган, кој требаше да се соочи со турскиот Јенимале, но овој двомеч нема да се игра.

Тоа значи дека Јенимале со две службени победи веќе се пласира во осминафиналето на Европскиот Куп.

Поради актуелната ситуација во Израел, ракометните односно спортските тимови од оваа држава не се активни.