Tриото Македонки и Коњалти на максимум во Турција

Тимот на Коњалти, каде што играат три македонски репрезентативки – десниот бек Елена Ѓорѓиевска, пикерот Ивана Гакидова и средниот бек Моника Јанеска Килдан, забележа нова победа во турскиот шампионат.

Коњалти на домашен терен беше подобар од составот на Ускудар со 38-23 во натпревар од 7 коло.

Килдан Јанеска беше стрелец на четири погодоци, Гакидова постигна три гола, додека Ѓорѓиевска погоди два пати во гостинската мрежа.

Коњалти сега има седум од седум во Турција, во следното коло ќе гостува кај Бурса, а допрва ќе го игра дерби дуелот со Кастамону.