- Средниот бек Килијан Вијмино, иако повреден и ќе ја пропушти сезоната, сепак потпиша нов договор со актуелниот негов клуб Монпелје до 2028 година и ќе комплетира 12 сезони ако го одработи до крај.
- Десниот бек на Австрија, Борис Живковиќ, по одличниот настап на Европското првенство си обезбеди трансфер во Бундес лигата. Тој го раскина договорот со полскиот Азоти Пулави и ќе оди во Фленсбург како замена за Каи Смитс.
- Азоти Пулави во продолжение од сезоната ќе биде посилен за плејмејкерот Лукаш Гогола, кој се обврза на соработка до 2025 година. Тој претходно играше за австрискиот Фуксе, а македонската јавност го знае од настапите за Татран.
- Романскиот Рапид Букурешт по Сара Ристовска и Полина Горшкова, потврди уште едно засилување за следната сезона. Станува збор за голманката од Холандија, Ринка Дујиндам, која претходно бранеше за Ѓер, Сола, Турингер и Дортмунд.
- Норвешкиот чувар на мрежата Андре Кристенсен ќе продолжи да ги брани боите на португалскиот Спортинг Лисабон. Тој дојде во декември 2022 година од Драмен во Лисабон, но остави одличен впечаток и го продолжи договорот.