Бундеслигашот Штутгарт го ангажираше грчкиот талент Ахилеас Тоскас и договори соработка на три сезони до 2027 година. Десниот бек има 19 години и настапува за тимот на Драма.
Германскиот Хановер објави дека е раскинат договорот со чуварот на мрежата Дарио Квенштет. Голманот дојде од Кил во летото 2022 година, одигра досега 62 меча и ќе си замине следното лето.
Францускиот Шамбери ги продолжи договорите со тројца ракометари. Шпанските средни бекови Јосу Гони и Алехандро Костоја остануваат до 2026, односно 2027 година, додека десното крило Кидо Траоре продолжи до 2028 година.
Францускиот Брест за преостанатиот дел од сезоната ја ангажираше репрезентативката на Сенегал, Хава Н’Диаје. Таа досега беше дел од романскиот тим Глорија Бузау.
Левото крило Лион Цахаријас, кој досега настапуваше за Рајн Некар Левен, од следната сезона ќе биде дел од Вецлар. 20-годишниот ракометар ќе биде замена во Вецлар за Емил Мелегорд.
Француската репрезентативка Грас Заади заминува од романскиот ЧСМ Букурешт и ќе се пресели во словенечкиот Крим. Таму ќе ја замени сонародничката Алисон Пино, а потпиша договор до 2026 година.