ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Смарасон во ПИК Сегед, Есбјерг продолжи со Мерк, Дамгард верен на Магдебург

  • Норвешката репрезентативка Нора Мерк ја продолжи соработката со тимот на Есбјерг за уште две сезони и ќе остане во данскиот претставник во Лигата на шампионите најмалку до 2026 година.
  • Словенечкиот среден бек Елизабет Омореги стави потпис на нова соработка со шампионот ЧСМ Букурешт и се обврза да остане во романската престолнина најмалку до 2026 година.
  • Десниот бек/крило Михал Дашек ќе остане верен на полскиот вицепрвак Висла Плоцк и во следната натпреварувачка сезона, откако го продолжи договорот до 2025 година. Тој беше стрелец на победничкиот гол во дербито против Келце.
  • Левиот бек Михаел Дамгард ќе остане во европскиот првак Магдебург и во следната сезона, откако раководството му понуди нова соработка по одлична полусезона на домашна сцена и во Лигата на шампионите.
  • Романскиот шампион ЧСМ Букурешт ја ангажираше голманката на германскиот Битигхајм и бразилската репрезентација, Габриела Морески. Таа се обврза на двегодишна верност.
  • Средниот бек на исландската репрезентација и на европскиот првак Магдебург, Јанус Дади Смарасон е нов ракометар на ПИК Сегед. Тој потпиша договор со унгарскиот тим до 2026 година.