TРАНСФЕР МАРКЕТ: Будуќност ја врати Булатовиќ, Ѓер има нова голманка, Кадетен купи европски првак

  • Данскиот Икаст, кој оваа сезона игра во Лигата на шампионите, се засили до крајот на оваа сезона со десното крило Симоне Бом. Данската интернационалка играше во романскиот Таргу Жиу, но го раскина договорот.
  • По заминувањето на Силје Солберг, унгарскиот Ѓер веднаш најде замена. Станува збор за светската шампионка со Франција, Атаду Сако, која доаѓа од тимот на Мец, а претходно ги бранеше головите на Нуази Ле Гран и Ница. Сако потпиша договор на три сезони.
  • Официјалниот сајт на швајцарскиот Кадетен Шафхаузен објави за доаѓањето на Лука Мајстер, кој е дел од бундеслигашот Магдебург. 27-годишниот кружен напаѓач се враќа таму од каде што дојде во Германија, а пред Магдебург играше за Минден. Мајстер со Кадетен потпиша до 2028 година.
  • Црногорскиот шампион Будуќност ја продолжи соработката со француската голманка Армел Атингре за уште една сезона, а старо-нова ракометарка во тимот ќе биде десното крило Нина Булатовиќ, која одигра на високо ниво на Мундијалот, а во моментов е член на романската Глорија Бистрица.
  • Шведската репрезентативка Евелин Ериксон ја продолжи соработката со романскиот шампион ЧСМ Букурешт за уште две сезони. Голманката ќе остане во тимот на Адријан Василе најмалку до 2026 година.