Легендата на Вардар, Тимур Дибиров, ја игра последната сезона во својата богата кариера, во која играше само во три клуба.
Левото крило за „Спорт“ откри дека ќе игра активно до крајот на оваа сезона и потоа ќе си замине од Загреб.
„Најтешкото нешто за нас во овие моменти е тоа што сме разделени. Јас сум со синот во Загреб, Ирина е со ќерката во Ростов. Затоа и решив – ќе ја доиграм сезонава и ја завршувам кариерата. Сакам да бидам покрај нив. Знаете, си велам уште една сезона и тоа е тоа, и морници ме лазат. Навистина ли дојде тој момент?“, вели Дибиров.
По настапите за Чеховски Медведи, во 2013 дојде во Вардар, каде играше до 2022 година и освои две титули во Лигата на шампионите. Во овој момент е дел од хрватскиот првак Загреб, каде ја игра третата сезона.