Талески втор стрелец, Бенфика запиша нови бодови во Португалија

Македонскиот репрезентативец Филип Талески беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Бенфика во триумфот кај Виторија.

Бенфика славеше на гостувањето против Виторија со убедливи 34-20 во натпревар од 10 коло во португалскиот шампионат.

Талески беше втор стрелец во победничката екипа и успеа да погоди четири пати во мрежата на домаќините.

Бенфика со овие бодови сега има вкупно 24 бода што е доволно за третото место, Порто е втор со 26, додека лидер е Спортинг Лисабон со 30 бодови.