Талески и Бенфика убедливи против Мадеира

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески, забележа нова победа во португалскиот шампионат.

Бенфика на домашен терен беше подобра од Мадеира со убедливи 44-28, а во првиот дел момците на Хота Гонзалес постигнаа дури 27 погодоци.

Македонскиот лев бек беше автор на три погодоци во мрежата на Мадеира, која сепак беше лесен плен.

Бенфика е на трето место со 27 бодови, прв е Спортинг Лисабон со 30 бодови, додека Порто на Никола Митревски е втор со 29.