Талески и Бенфика се израдуваа на деветти триумф во Португалија

Екипата на Бенфика, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, се израдува на деветти сезонски триумф.

Бенфика во натпревар од 14. коло од шампионатот на Португалија ја совлада незгодната Повоа со шест гола разлика, 29:23.

Талески беше на висина на задачата и во мрежата на гостите погоди три пати и подели неколку асистенции кон своите колеги.

Тимот на Талески со освоените нови бодови остана на 3. позиција во најквалитетното натпреварување во Португалија, сега има 34 бода, второпласираниот Порто на Никола Митревски има 36, додека актуелниот лидер Спортинг има 39.

Следен предизвик за Бенфика ќе биде дуелот против Кристинаштад во рамки од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа.