Талески и Бенфика го срушија Кристијанштад, Мандалиниќ херој на АЕК Атина

Тимот на Бенфика, каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески, ја забележа првата победа во Лигата на Европа.

Португалците на домашен терен беа подобри од шведскиот тим Кристијанштад и славеа со 36-33.

Македонскиот лев бек на овој меч успеа да постигне три погодоци од шест обиди, сите во првото полувреме.

Германскиот Фуксе Берлин го забележа вториот триумф во вториот натпревар од групите, откако славеше кај Извиѓач со 34-22, иако на полувреме беше реми, 13-13.

Грчкиот АЕК Атина славеше против Криенс Луцерн со 30-29, а победничкиот погодок беше дело на екс пелистерецот Стипе Мандалиниќ во последните моменти од мечот.

Лига на Европа, 2 коло, резултати:

Група А

Бенфика – Кристијанштад 18:45ч
Рајн Некар – Нант 36-32

Група Б

АЕК Атина – Криенс Луцерн 30-29
Горњик Забже – Хановер 20:45ч

Група Ц

Савехоф – Горење 36-34
Винтертур – Куенка 20:45ч

Група Д

Скјерн – Повашка Бистрица 42-22
Нексе – Брага 20:45ч

Група Е

Кадетен – Елверум 32-30
Ловќен – Фленсбург 20:45ч

Група Ф

Ла Риоха – Алкалоид 20:45ч
Војводина – Силкеборг 20:45ч

Група Г

Изиѓач – Фуксе Берлин 22-34
Шамбери – Динамо 20:45ч

Група Х

Констанца – Спортинг 29-28
Хобри Глогов – Татабања 25-30