Струшкиот турнир ова лето ќе го има своето 52. издание на кое ќе играат три македонски и три странски екипи.
Од 14 до 17 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе гостува шведскиот Ескилстуна Гуиф, објави организаторот.
Овој тим што е предводен од поранешниот црногорски селектор Зоран Рогановиќ, и минатото лето беше дел од турнирот.
Покрај Гуиф, уште две странски екипи ќе бидат дел од турнирот, а тука се домаќинот Струга, Тиквеш и Еурофарм Пелистер како претставници на Македонија.