Словенија со пелистерците Лесјак и Цехте ќе брка Светско првенство

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на ракометари пред претстојната ЕХФ недела и баражите за СП 2025.

Меѓу ракометарите на кои ќе смета Зорман се најдоа и двајцата членови на македонскиот првак Еурофарм Пелистер – Урбан Лесјак и Нејц Цехте.

Покрај нив, тука се стандардните Ферлин, Маргуч, Благотиншек, Сухолежник, Влах, Бобмач, Зарабец…

Ривал на Словенија во баражот за Мундијалот ќе биде селекцијата на Швајцарија, а двомечот ќе се игра на 9 и 12 мај.

Мундијалот во јануари 2025 ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, односно во пет града – Загреб, Пореч, Вараждин, Хернинг и Осло.