Селекцијата на Данска триумфално стартуваше на Олимписките игри во Париз, откако славеше против Словенија со убедливи 27-19.
Словенките парираа во првиот дел, одржуваа во најголем дел рамнотежа, но по 9-9, Данска направи серија и се одлепи на плус три до паузата, 14-11.
Во вториот дел данските ракометарки комплетно доминираа на теренот, словенечкиот напад се мачеше да реализира и на крајот мораше да се помири со пораз.
Најдобри стрелци во победничката селекција беа крилата Остергард и Фрис со по пет гола, додека голманката Рајнхарт се истакна со 13 одбрани.
Во словенечкиот состав по пет пари реализираа Станко и Грос, а добра партија со 13 одбрани пружи и голманката Маја Војновиќ.