Словенија ја чека Македонија во Копер

Словенечката ракометна федерација го одреди градот-домаќин за натпреварот меѓу Словенија и Македонија од квалификациите за ЕП 2026.

Тој натпревар ќе се игра во градот Копер во салата „Бонифика“ која е дом на ракометниот клуб Копер.

Дуелот е закажан за 16 март со почеток во 18:30 часот, а претходно ќе биде одигран мечот во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија досега има победа над Естонија и пораз од Литванија, но и покрај тоа е на добар пат да обезбеди место на Европското првенство 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка, каде ќе се пласираат сите прво и второпласирани од осумте квалификациски групи, но и најдобрите четири третопласирани.