Денеска е завршниот ден на Европското првенство 2024, а за златото ќе се борат репрезентациите на Норвешка и Данска.
Овие две репрезентации играа во финалето на Европското првенство во 2022, тогаш Норвешка ја одбрани титулата, триумфираше со 27:25.
Норвешка и Данска последното соочување го имаа во главната фаза на ова Европско првенство. Избраничките на Торир Хергеирсон со скоро идентичен резултат од финалето 2022 дојдоа до победа, 27:24.
Данска последното злато на континенталните собири го имаше во далечната 2002, па така ракометарките на Јеспер Јенсен ќе имаат дополнителна мотивација на денешното финале.
За бронзен медал, односно трето место, ќе играат репрезентациите на Франција и Унгарија, која беше еден од ривалите на Македонија во групната фаза на Европското првенство.
Како што е познато, петтото место го освои репрезентацијата на Шведска со победата над Холандија од 33:32.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 АЕРОДРОМ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
14:20 РАЈН НЕКАР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)
15:00 ГЕПИНГЕН – ВЕЦЛАР (БУНДЕС)
15:00 ЈЕХОНА – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)
15:15 ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА (ЕП)
16:00 НАНТ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
16:00 ШАМПИОН – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
16:30 ХАНОВЕР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
16:30 ЛЕМГО – ПОДСТАМ (БУНДЕС)
18:00 ДАНСКА – НОРВЕШКА (ЕП)
18:00 ЦИРИХ – ТУН (ШВАЈЦАРИЈА)
18:00 МЛАДОСТ – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 МАКЕДОНИЈА ЃП – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРЕСПА – ВАРДДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ГОРЕЊЕ – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)