Сикора ги скина лигаментите, Унгарија без првиот голман на СП

Голманката на германскиот Битигхајм, Мелинда Сикора, нема да настапи на претстојното Светско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Унгарската репрезентативка ги скина лигаментите на дуелот од Лигата на шампионите меѓу нејзниот Битигхајм и данскиот Оденсе.

Претстои операција и долга пауза од ракометните терени, па селекторот Владимир Головин ќе мора да бара други решенија на голманската позиција.

„Тешко е да се замени Мелинда. Таа не само што е одличен голман, туку е и важен човек за нашата соблекувална. Сикора беше постојано со нас, но таков е спортот“, вели Головин за „Немзети Спорт“.

На голманската позиција Головин ќе мора да се потпре на Бланка Биро и Кинга Јанурик. Унгарија ќе биде дел од групата Б заедно со селекциите на Црна Гора, Парагвај и Камерун.