Шпанска свирка за Еурофарм Пелистер и Загреб

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 10. коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен против хрватскиот Загреб, а судиите доаѓаат од Шпанија.

Станува збор за Андреу Марин Љоренте и Игнасио Гарсија Серадиља, додека делегат ќе биде Мирослав Баум од Полска.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се игра в четврток во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.