Шок за Вецлар и Кузмановски, загубија дома од Бергишер

Иако по добрите резултати во серија и победите против Кил и Хановер, Велцар доживеа нов пораз во Бундес лигата.

Тимот на Филип Миркуловски и Филип Кузмановски загуби на домашен терен од аутсајдерот Бергишер со 32-28.

Иако на полувремето беше 16-16, сепак во второто полувреме гостинските ракометари го направија решавачкиот чекор кон триумф.

Кузмановски беше стрелец на еден погодок од еден обид на овој дуел, а по овој пораз Вецлар е на последното место на табелата со четири бода.

Следен предизвик за Вецлар, Кузмановски и Миркуловски ќе биде гостувањето кај Балинген.