Сензација во Словенија: Целје загуби од Крка и нема да игра на Ф4 од Купот!

За првпат од историјата на независна Словенија тимот на Целје не обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи, односно на Ф4 турнирот од Купот на Словенија.

Избраниците на Алем Тоскиќ во четвртфиналето за ривал го имаа составот на Крка и на денешниот дуел одиграа толку лошо, што си дозволија и елиминација.

Крка го одиграа најдобриот сезонски натпревар, во дуелот против Целје триумфираше со 31:26 и обезбеди пласман на Ф4 турнирот во словенечкиот Куп.

Целје, кој во својата клупска историја има освоено 22 Куп титулии, ја игра најлошата сезона од своето постоење.

Елиминацијата на Целје во четвртфиналето значи дека Словенија ќе има нов шампион во годинешното издание од Купот.

Ф4 турнирот ќе се одржи на 5 и 6 април во Требње, а ќе учествуваат уште Тримо, Копер и Градец.