Сениорките од денеска во акција, стартува „операцијата Шпанија“

Денеска на пладне ќе се одржи првиот собир на женската репрезентација пред квалификацискиот двомеч против Шпанија за место на ЕП 2024 година.

Селекторот Кристијан Грчевски смета на 20 ракометарки за оваа акција, односно за натпреварите во Скопје и Ланцароте.

Меѓу нив се 14 интернационалки и шест ракометарки на шампионот Ѓорче Петров, а на првиот собир ќе се појават повеќето од нив, освен интернационалките што играа вчера.

По двете победи над Азербејџан и Литванија, Македонија практично е пласирана на Европското првенство, а сега во Шпанија ќе се бори за првото место во групата.

Првиот меч со Шпанија е на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот, додека реваншот е на 3 март во Ланцароте од 17:00 часот.