Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нов триумф во хрватскиот шампионат.
Локомотива Загреб славеше на гостувањето кај Бјеловар со 22-20, со голем пресврт откако домаќинот имаше предност од 12-8.
Но тогаш на сцена стапи Седлоска, која беше далеку најефикасна во гостинскиот тим и успеа да постигне осум погодоци од десет обиди, имаше две асистенции, како и по една освоена и загубена топка.
Локомотива Загреб сега има 16 бода и се наоѓа на второто место зад Подравка, а следен предизвик за Седлоска и нејзиниот тим ќе биде домашниот меч со Сињ.