Екипата на Слатина, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Јована Саздовска и Јована Мицевска, триумфираше против Униреа Слобозиа на Сања Дабевска, која исто така е стаандардна репрезентативки во „црвено-жолтиот“ дрес.
Слатина ја оправда фаворитската улога на терен и дуелот против Униреа Слобозиа го доби со седум гола разлика, 35:28 (14:13). За Слатина освоените бодови беа важни, бидејќи тимот има амбиции да направи камбек во романската елите
Трите репрезентативки одиграа одличен натпревар покажувајќи дека се во добра форма, па така селекторот Кристијан Грчевски може да биде задоволен од нивниот досегашен настап во Романија.
Левото крило Саздовска одигра речиси без грешка, имаше седум погодоци од осум обиди. Голманката Мицевска беше солидна меѓу стативите и успеа да запише девет интервенции.
Прво име во победничката екипа беше повремената репрезентативка на Црна Гора, Сања Премовиќ. Црногорката во мрежата на гостинките имаше осум погодоци.
Кај Униреа Слобозиа кружниот напаѓач Сања Дабевска зад своето име запиша три погодоци и одигра на ниво во одбраната.