Стартува Лигата на Европа – ракометен маратон од 16 натпревари

Утре започнува новата сезона во Лигата на Европа, во која Македонија ќе има три претставници, од кои едниот е клупски – „сино-белите“ од Автокоманда, додека останатите два претставници се Филип Талески и Бојан Маџовски.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат одиграни сите 16 натпревари од првото коло, додека дуелите од второто коло се на програмата следниот викенд, односно на 24 октомври.

Актуелен бранител на титулата е Фуксе Берлин, кој во ланската сезона славеше во финалето над Гранољерс со 36:31.

Екипата на Гранољерс иако беше вицепрвак, сепак, играше квалификации и не успеа да избори место во групниот сегмент во второто по ранг европско натпреварување.

Македонскиот вицепрвак е во група со Силкеборг, Војводина и Ла Риоха. Бенфика на Филип Талески има тешка група, бидејќи ривали и се Рајн Некар, Нант и Кристијансад.

Бојан Маџовски со Ловќен ќе играат во групата Е заедно со норвешкиот вицепрвак Елверум, бундеслигапот Фленсбург и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Лига на Европа, 1. коло:

Група А
Кристијанштад – Рајн Некар
Нант – Бенфика

Група Б
Криенс Луцерн – Хановер
Горњик Забже – АЕК Атина

Група Ц
Горење Велење – Винтертур
Куенка – Савехоф

Група Д
Повашка Бистрица – Брага
Нексе  – Скјерн

Група Е
Елверум – Ловќен
Фленсбург – Кадетен

Група Ф
Силкеборг – Ла Риоха
Војводина – Алкалоид

Група Г
Фуксе Берлин – Шамбери
Динамо – Извиѓач

Група Х
Татабања – Констанца
Спортинг – Хобри Глогов