Иако се големи ривали на теренот, Вардар и Еурофарм Пелистер покажаа дека се големи пријатели надвор од него.
„Црвено-црниот“ клуб упати честитки до младинската екипа на битолчани, која успеа да обезбеди место на завршнитот турнир во Лигата на шампионите.
Покрај Вардар, Еурофарм Пелистер е втората македонска екипа што ќе настапува во „Ланксес Арена“ во Келн.
Вардар два пати стана европски шампион и истото му го посака на Еурофарм Пелистер на 14 и 15 јуни.