Рикановиќ: Се надевам на добра претстава против Охрид

Ракометарите на Струга во натпревар од 2. коло од плеј-оф фазата за ривал го имаат амбициозниот тим на Охрид.

Стружани во првото коло беа поразени на гостувањето во Кавадарци од Тиквеш, но до 50 минута беа повеќе од рамноправен противник.

Двете екипи се сретнаа  во регуларниот дел од тековната сезона и на двата натпревари Струга пружи солиден отпор.

Голманот на Струга, Дејан Рикановиќ, ги истакна очекувањата за езерскиот двобој и се надева дека неговиот клуб ќе има добро издание.

,,Езерското дерби секогаш има некој посебен жар, па така натпреварите секогаш можат да бидат интересни и возбудливи. Ние се подготвуваме максимално за овој дуел, иако имаме здравствени проблеми во тимот, сепак, има млади играчи кои можат да одговорат на големиот предизвик и се надевам дека шансата ќе ја искористат на најдобар можен начин. Ќе дадеме сѐ од себе, се надевам на добра претстава, ќе се бориме да одиграме еден добар натпревар против ривалот, кој на овој дуел е фаворит и сигурно ќе има голема поддршка од трибините”, изјави Рикановиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Струга ќе се одигра в сабота (17 февруари) во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток од 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120