РФМ одлучи – слободен влезот за дуелот Македонија – Шпанија

Женската репрезентација на Македонија следната недела на свој терен ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2024.

Во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Шпанија, која поради своето реноме е голем фаворит против избраничките на Кристијан Грчевски.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи влезот за дуелот со Шпанија да биде слободен, па така „црвено – жолтите“ можат да очекуваат голема поддршка од трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра в четврток (29 февруари) во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија и Шпанија имаат по две стартни победи над Литванија и Азербејџан и практично се пласирани на континенталниот собир.

Европското првенство 2024 ќе се одржува во три земји – Австрија, Швајцарија и Унгарија.