На Европското првенство 2024 во Германија, за најкорисен играч, односно МВП, беше избран репрезентативецот на Франција, Недим Ремили.
Средниот бек даде голем придонес во победата на Франција против Данска во финалниот дуел, но и во текот на целото првенство константно беше меѓу најдобрите стрелци во составот на „триколорите“.
Признанието за најдобар стрелец на континенталниот собир заврши во рацете на двајца репрезентативци.
Станува збор за репрезентативецот на Португалија, Мартим Кошта и Матијас Гидсел од второпласираната Данска.
Кошта и Гидсел на листата на стрелци на ЕП завршија на делба на првата позиција, двајцата постигнаа по 54 погодоци.
И двајцата репрезентативци освен што постигнаа најмногу погодоци, беа избрани и во идеалниот тим на континенталниот собир.
Мартин Кошта беше награден како најдобар лев бек на Европското првенство, додека Гидсел го доби признанието за најдобар десен бек.
📸🎥 Ол Стар тим на ЕП: Гидсел е најдобар десен бек, Вулф нај голман, а Фабрегас нај пивот