Раул: Мора да бидеме вниманителни, Еурофарм Пелистер доаѓа по сензација!

Некогашниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес кој сега е на клупата на ПСЖ, по подолго време ќе има македонски противник.

Шпанскиот стратег смета дека и покрај фаворитската улога, неговите момци мора да бидат вниманително на вечерашниот натпревар.

„Влегуваме во овој дуел по тешката пресметка против Нант. Тоа нè одржа во добар ритам и подготвени се враќаме во Лигата на шампионите. Ќе мора да бидеме максимално сериозни против Еурофарм Пелистер, бидејќи тие се тим кој сака да направи сензација против некој од силните тимови во групата. Мора да влеземе во натпреварот со ладни глави, да се држиме до планот и да се вратиме на победничките патеки по поразот од Келце. Овој тип на натпревари, со ривал како Еурофарм Пелистер, може да биде добар за самодоверба, но и ризичен ако не бидеме на потребното ниво“, изјави некогашниот стратег на Вардар.

Дуелот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.