Ракометна треска на Фарски Острови – билетите за Македонија пламнаа за 90 секунди!

Машката репрезентација на Македонија ја очекува полна сала на првиот меч од баражот за СП 2025 против Фарски Острови.

Вчера на пладне, тамошната федерација пушти во продажба 1.000 билети по цена од 22 евра за натпреварот со Македонија и сите беа продадени за 90 секунди!

Ракометната треска на Фарски Острови го достигнува својот врв и се бара билет повеќе за средбата на 8 мај од 18:00 часот.

Капацитетот на салата во Торшавн е 1.700 гледачи, а останатите билети федерацијата веројатно ќе ги подели на спонзори и поддржувачи.

Реванш средбата меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а за разлика од ривалот, кој добро работи на маркетингот и популаризација на ракометот, кај нас билетите веројатно ќе се пуштат во продажба дури на почетокот на мај.