По Матео Мараш, францускиот ПСЖ го промовираше и десното крило Себастијан Карлсон, кој се обврза на двегодишен договор.
Карлсон потекнува од Савехоф, а на 17 години го имаше првото интернационално искуство во Шпанија во составот на Гаде во 2013 година.
Потоа се врати во Савехоф, каде остана десет сезони, а сега ја одработува втората сезона од престојот во Монпелје.
ПСЖ на располагање ги има Феран Соле и Давид Балагер на десната крилна позиција, па веројатно еден од нив сигурно ќе си замине од Париз.
Претходно ПСЖ ги договори трансферите на голманот Микаел Локвист, на тренерот Стефан Мадсен, а најавено е доаѓањето на Емил Мелегард. Таму се уште Јаник Грин, Јакоб Холм, Андреас Паличка, Кент Робин Тонесен…па иако дел од овие ракометари ќе си заминат, сепак ПСЖ останува сканди колонија.