Екипата на ПСЖ, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, посакува во своите редови да го има Ахмед Aдел.
29-годишниот ракометар, моментално, настапува во египетскиот Ал Ахли, а неговите одлични настапи на Светското клупско првенство беа забележани од стручниот штаб на „светците“.
Според информациите на „Handball Basee“, египетскиот пивот е блиску до договор со ПСЖ и во францускиот клуб би бил замена за Камил Шипжак, кој на лето ќе го напушти тимот на Гонзалез.
Искусниот пивот со репрезентацијата на Египет настапи на Олимписките игри во Токио и Париз, како и на Светското првенство 2023.
Освен Шипжак, од ПСЖ ќе си заминат уште двајца играчи – голманот Андреас Паличка и левиот бек Јакоб Холм.