Актуелниот тренер на Загреб, Велимир Петковиќ, во интервју за хрватскиот портал Germanijak.hr, зборуваше на различни ракометни терми.
Искусниот стратег, кој со Борац Бања Лука ја освои титулата во Лигата на шампионите како играч, но и како тренер, откри дека во Загреб ќе има неколку нови засилувања.
Меѓудругото, Петковиќ посакувал во хрватскиот шампион да донесе искусен бек од Русија, но тој трансфер не се реализирал.
,,Се надевам дека на позицијата лев бек ќе го имаме Срна и Бељавски, кој одлично се развива. Ми недостасува повеќе сила на позицијата на Кларица, се гледа дека има пад во играта затоа што играше премногу. Затоа инсистирав на Недим Хаџиќ за да му олесниме да Кларица, ќе можеме да го одмориме. Момчето знае да игра и може да ни помогне Ќе добиеме и еден пивот, неговото име ќе го дознаете подоцна. Требаше да донесеме Русин, но тој на крајот откажа, што ме разочара и Тимур и мене”, вели Петковиќ.