Машката сениорска репрезентација на БиХ во рамки од првата фаза од подготовките за Европското првенство 2024 планираше да тестира со репрезентацијата на Чешка.
Сепак, поради големото невреме во Сараево кое беше проследено со силен ветер, откажани или одложени беа сите летови, па така ракометарите на БиХ не отпатуваа за Брно.
,,Нашата репрезентација ниту утре наутро не може да лета за Чешка, бидејќи сите летови се резервирани. Работиме на тоа тимот да замине во Чешка, но тоа е исклучително тешко, особено затоа што се се случува во последен момент, па дури и одигрувањето на натпреварите со чешката репрезентација се неизвесни”, истакнаа од ракометниот сојуз на БиХ.
Репрезентацијата на БиХ според планот утре (17ч) и во недела (13ч) требаше да ги одигра натпреварите против Чешка како дел од подготовките за претстојното Европско првенство, кое од 10 до 28 јануари ќе се одржи во Германија.
Босанците на континенталниот собир се во група заедно со Шведска, Холандија и Грузија.