Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 атакуваат на „три од три“ во плеј-аутот

Викендов ќе стартува 3. коло во суперлигашкиот плеј-аут, во кој се очекува неизвесна борба за првите три позиции на табелата. Според резултатите во првите две кола, најверојатно ќе го гледаме најинтересниот плеј-аут.

Екипата на Прилеп е во полн налет и в сабота во дуелот со Мулти Есенс се очекува уште една победа за избраниците на Божидар Мојсов. Прилепчани иако не ги остварија зацртаните цели во првиот дел од сезоната, сепак, се на добар пат да обезбедат опстанок во македонската елита.

Прилеп во првото коло триумфираше над Скопје, додека во второто коло полесно од очекуваното славеше над еден од главните ривали, Голден Арт. Екипите на Прилеп и Мулти Есенс се сретнаа во регуларниот дел од тековната сезона, на првиот натпревар, кој беше одигран во Автокоманда, дебитантот триумфираше со 31:30.

Тимот на Мојсов во Прилеп ја доби втората пресметка против дебитантот, победи со три гола разлика, 34:31. Сега Прилеп ќе има дополнителен мотив, втора пролетна победа пред својата публика за „три од три“.

На трета победа ќе атакува и Еурофарм Пелистер, 2 кој во 3. коло од плеј-аут фазата ќе се соочи со Вардар Неготино. Тимот на Еурофарм Пелистер 2 минатиот викенд на свој терен го совлада Куманово, додека избраниците на Игор Котевски славеа во неизвесниот дуел против Мулти Есенс.

Воедно, двете екипи утре ќе ја имаат првата меѓусебна пресметка сезонава. Еурофарм Пелистер 2 со евентуална победа би бил многу блиску до остварување на целта. Неготинци со нови бодови би се вклучиле во трка за првата позиција на табелата.

Амбициозниот тим на Куманово против Скопје ќе ја брка втората победа во плеј-аут фазата. Куманово во првото коло го совлада Вардар Неготино, во второто беше поразен од Еурофарм Пелистер 2 и на утрешниот дуел со Скопје ќе му биде потребен било каков триумф, бидејќи до крајот од сезоната го очекуваат тешки натпревари во борбата за опстанок.

Овие две екипи се сретнаа и во есенскиот дел од сезоната, тогаш првиот дуел заврши без победник, 25:25, на вториот подобар беше Куманово со 29:21.

Супер лига, плеј-аут, 3. коло, распоред:

24/02, 16:00, Куманово – Скопје
24/02, 18:30, Прилеп – Мулти Есенс
24/02, 18:30, Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 2
Голден Арт слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142