Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го имаат второто соочување со полскиот шампион Висла Плоцк во рамки од 9. коло во ЛШ.
За битолскиот тим ова е можеби најважниот натпревар во европската елита, бидејќи со евентуална победа ќе биде многу блиску до пласман во осминафиналето.
Надвор од комбинација останаа голманот Печурица, пивотот Цикатиќ, крилото Манасков, како и бековите Хаџиќ, Петровиќ и Ѓорговски.
Во гостинскиот состав го нема повредениот Дашек.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот, а билети може да најдете ТУКА.