ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кисум и Василев се враќаат кај пелистерци, Загреб со Дибиров, Чупиќ, Моралес…

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат последниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите.

Во Битола доаѓа хрватскиот шампион Загреб, а двајцата тренери веќе се одлучија за составите што ќе истрчаат во „Боро Чурлевски“.

Стратегот на македонскиот првак Бранко Ангеловски нема да смета на голманот Марко Кизиќ, пивотот Андреас Нилсен, левите бекови Дарко Стевановиќ и Емилијан Ѓорговски, како и повредениот Цветан Кузманоски.

Гостинскиот тренер Андрија Николиќ, нема да смета на голманот Алјаж Пантјар и на повредениот екс вардарец, Патрик Валчак.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.