ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои ракометарки ги избра Грчевски за Полска

Женската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на СП 2025 против Полска.

Кристијан Грчевски одбра 16 ракометарки меѓу кои има по едно лево и десно крило – Јована Саздовска и Сара Ристовска, две голманки, трио пивоти, додека сите останати се ракометарки од бековските позиции.

Oд оние 19 кои беа во комбинација за настап, во составот не се Матеа Чурлиновска, Пена Граматова и Емилијана Ризоска.

Полскиот селектор Арне Сенстад, ги има на располагање сите оние 16 ракометарки кои ги смести на скратениот список, а меѓу нив е и најдобриот стрелец Моника Кобилинска.

Натпреварот меѓу Полска и Македонија во Кошалин стартува од 20:30 часот, а реваншот ќе се игра на 12 април во Битола до 19:00 часот.