ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со 14 ракометари, само еден пивот ќе игра против Келце!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите оваа година.

Тимот предводен од Бранко Ангеловски му гостува на европскиот вицепрвак Келце и ќе биде сериозно ослабен.

Стратегот на битолчани ќе може да смета само на еден пивот, капитенот Жарко Пешевски, откако Денис Василев не доби дозвола за влез во Полска, а Данецот Андреас Нилсен не отпатува со екипата.

Тој ќе има на располагање 14 ракометари, меѓу кои не се ниту левите бекови Емилијан Ѓорговски и Дарко Стевановиќ, голманот Марко Кизиќ, како и повредениот Цветан Кузманоски.

Во составот на Келце не е само десното крило Аркадиуш Морито.

Натпреварот меѓу Келце и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот.