Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за бараж двомечот меѓу Македонија и Полска за пласман на Мундијалот во Германија и Холандија.
За првиот натпревар што ќе се одигра во Кошалин, ЕХФ ги делегираше Мурариу и Парашив од Романија, додека делегат е Јансонас од Литванија.
Втората средба што ќе се одигра во Битола во салата „Боро Чурлевски“, ќе ја судат Хатиполгу и Симшек од Турција, а делегат е Вукашиновиќ од Србија.
Првата средба меѓу Македонија и Полска се игра во Кошалин на 9 април од 20:30 часот, додека вториот дуел е на 12 април во Битола од 19:00 часот.