Портнер блесна против екс клубот, Магдебург го освои Монпелје

Европскиот шампион Магдебург, предводен од голманот Никола Портнер, славеше на гостувањето кај составот на Монпелје со 28-25.

Иако францускиот состав имаше предност на полувремето со два гола, 14-12, сепак во продолжение следуваше доминација на германскиот тим.

Домаќините беа во игра до последните десетина минути, кога Магдебург водеше со 23-22, но во финишот Портнер одбрани неколку удари, бундес тимот направи предност од три гола и ја одржуваше до крајот.

Покрај Портнер, кој имаше 15 одбрани против неговиот поранешен клуб, кај европскиот првак се истакнаа Муше со шест, како и Смарасон и Клар со по пет гола.

Во составот на Монпелје најдобар стрелец беше Карлсон со девет гола, а многу слаба реализација 2/10, имаше првата ѕвезда Диего Симоне.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140