Подравка на Обрван во четвртфинале, битка за Ф4 ќе бијат и Нант, Мошонмаѓаровар, Дунареа…

Покрај Лигата на шампионите, викендов беа комплетирани и натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа кај дамите.

Од претходно беа познати повеќето патници во четвртфиналето, а последен учесник кој го обезбеди ТОП 8 е унгарскиот Мошонмаѓаровар, кој мораше да слави во последното коло кај Таргу Жиу.

Подравка предводена од Ивица Обрван, загуби кај данскиот Никобинг и од второто место во групата ќе оди во четвртфиналето, додека елиминирана беше Локомотива Загреб на Андреа Седлоска, која загуби шест пати во групата.

Во четвртфиналето одат двете норвешки екипи – Сторхамар и Сола, како и двете романски – Глорија Бистрица и Дунареа Браила.

Лига на Европа, 6 коло:

Никобинг – Подравка 23-22
Сола – Малага 35-31
Глорија Бистрица – Бенсхајм 33-24
Шамбре – Дунареа Браила 19-24
Турингер – Локомотива Загреб 29-17
Вац – Сторхамар 24-30
Таргу Жиу – Мошонмаѓаровар 20-22
Нант – Лублин 39-25

Четвртфинални двојки:

Tурингер – Сторхамар
Подравка – Дунареа Браила
Нант – Сола
Мошонмаѓаровар – Глорија Бистрица