ПИОНЕРИ: Шампионот Аеродром врати со камата, и е на чекор до Ф4

Актуелниот пионерски првак на Македонија во машка конкуренција, екипата на Аеродром повторно е на врвот на табелата во В групата во првeнството, откако со 21-16 го победи Куманово. Аеродоромци со камата му вратија на Куманово за минимланиот пораз во есенскиот дел од сезоната (21-22).
Сега скопјани предводени од Иван Никчевиќ се чекор поблиску до директен пласман на Ф4 турнирот каде ја бранат титулата. Им претстои уште еден сериозен и тежок меч, гостување во Велес кај Бисинов, по што ќе се знаат и сите шанси на екипите од групата.

Полна сала во СЦ „Јане Сандански“, атмосфера како на меѓународен меч, тензија, адреналин и многу емоции од двете страни. Средниот бек на Аеродром, Борјан Благоев со 7 гола беше најефикасен играч на тој натпревар, а пет постигна Стефан Ристоски. Голманот Марко Антовски имаше двоцифрен број на одбрани. Кај гостите Христијан Вујичевски даде пет гола.

Меѓу екипите на Аеродром, Куманово и Бисинов ќе се бараат двете екипи кои ќе бидат во конкуренција на Ф4. Едниот тим директно ќе биде во полуфиналето, а еден ќе игра дополнителен меч.

Вицепрвакот Голден Арт по лошиот старт на сезоната се врати во игра, и од гостувањето од Кичево се врати со триумф од 27-13 против Асови. Тие во А групата се на делба на второто место, заедно со Струга, Нивниот меѓусебен дуел во следните натпревари ќе реши која екипа преку квалификации ќе се бори за Ф4. Во таа група Охрид има 34 бода, и е убедливо далеку пред сите.
Охриѓани го имаат најдобриот напад во лигата, и на 12 натпревари постигнаа 430 гола. На последниот меч со Јуниор Кисела Вода, тимот на Охрид даде 53 гола.

Во Б групата, ланскиот учесник на Ф4, тимот на Еурофарм Пелистер веројатно преку квалификации ќе бара место меѓу најдобрите 4 тимови сезонава. Тие се на делба на првото место, но имаа послаба меѓусебна гол разлика со екипата на Алкалоид. Во ова коло Еурофарм Пелистер го победи Илинден Вардар со 41-11. Павел Вељановски со 10 гола беше најпрецизен.

Резултати
Група А:
Асови – Голден Арт 13-27
Мулти Есенс – Вардар 14-17
Динг – Струга 18-25
Охрид – Јуниор КВ 53-2
ТАБЕЛА:Охрид 34, Струга и Голден Арт по 28, Еурофарм Пелистер 2 25 бода, Динг 15, Вардар1961 12, Мулти Есенс 9, Асови 3, Јуниор КВ без бодови.

Група Б:
Еурофарм Пелистер – Илинден Вардар 41-11
Тиквеш – Скопје 24-19
Вардар Неготино – Алкалоид 15-25
Денеска треба да играат Младост Јуниор ЗРК Голден Арт
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер и Алкалоид по 33 бода, Скопје 24, Тиквеш 22, Прилеп 19, Младост Јуниори и Илинден Вардар по 9, ЗРК Голден Арт 3 и Вардар Неготино без бодови.

Група В:
Бутел – Радовиш 24-20
Пролет – КЛ7 Свети Николе 21-18
Астраион – Македонија ЃП 18-28
Аеродром – Куманово 21-16
Текстилен – Бисинов 16-25
ТАБЕЛА: Аеродром 36 бода, Куманово 36, Бисинов 33, Македонија 27, Пролет 21, Текстилец 15, КЛ7 Св.Николе 12, Радовиш 6, Астраион 6, Бутел 3 бода.