Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, забележа нова победа во швајцарскиот шампионат.
Во натпревар од 21 коло, Цирих победи на гостувањето кај Женева со 31-30, откако и на полувремето водеше со 20-14.
Македонецот беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна пет погодоци во домашната мрежа од шест обиди.
Цирих сега има 30 бод на третото место, втор е Криенс Луцерн со 31, додека лидер останува Кадетен со 37 бода.
Во следната рунда на 10 февруари, Поповски и Цирих на домашен терен ќе играат во дерби мечот со Фади Винтертур.