Македонскиот репрезентативец Петар Атанасијевиќ по кратката пауза ќе се врати на тренинзите на шампионот Еурофарм Пелистер.
Атанасијевиќ имаше повреда на шутерското рамо од почетокот на март, ги пропушти квалификациските дуели меѓу Македонија и Словенија, како и повеќе натпревари на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и во домашното првенство.
Тогаш од шампионот објавија дека Атанасијевиќ ќе паузира одредено време, а сега според најавите е подготвен за камбек на тренинзите.
Колку време ќе биде потребно да се врати во натпреварувачка форма и да се наметне кај тренерот Раул Алонсо, останува да видиме.
Еурофарм Пелистер го очекуваат уште седум средби од плеј-офот, како и четири меча во Купот на Македонија до крајот на сезоната, па Атанасијевиќ сигурно би бил од огромна помош за Алонсо, кој смета на Дејан Манасков и Цветан Кузманоски на левата крилна позиција.