Пелистерци фаќаат европски залет, беа „рамо до рамо“ со гигантот Кил (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер конечно го покажа вистинското лице во Лигата на шампионите. По двата порази од Колстад и Алборг, денес избраниците на Александар Јовиќ во дуелот со Кил беа поразени со 23:20, но до речиси самиот финиш беа во игра за реми. Пелистерци рамо до рамо се носеа со првакот на Германија, влегоа самоуверено и беа повеќе од рамноправен противник во дуелот со „зебрите“. 

Еурофарм Пелистер – Кил 1