Пелистерци без болниот Кисум, Полјаците не го пуштаат Русинот Василев на нивна територија

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде со изменет состав на натпреварот против Келце во Лигата на шампионите.

Данскиот интернационалец Каспер Кисум е болен и не отпатува со екипата во Полска, па ротацијата на бековите ќе биде скратена.

Рускиот интернационалец Денис Василев исто така е неизвесен за настап, поради забраната на Полјаците за влез на руски државјани на нивна територија по стартот на специјалната воена операција.

Полјаците одбиваат да им дозволат влез на руските спортисти на нивна територија, претходно тоа се случи и со тенисерката Вера Звонарева, поради „закана за јавната и државна безбедност“.

Натпреварот меѓу Келце и Еурофарм Пелистер ќе се игра вечерва со почеток во 20:45 часот во салата „Легионово“.