Ракометарите на Охрид по настапите на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград, продолжија да се подготвуваат на српско тло.
Избраниците на Стевче Алушовски денеска тестираа со тимот на Металопкастика Шабац и одиграа нерешено, 31:31, а на полувреме „гладијаторите“ имаа предност од плус три, 17:14.
Охриѓани во Србија ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, а тоа ќе биде против актуелниот тамошен шампион Војводина, па така ќе имаат силен тест пред враќањето во Македонија.
Охрид веќе обезбеди пласман во плеј-оф сегментот од домашниот шампионат и на останатите натпревари од регуларниот дел од суперлигашкото друштво ќе треба да само да одигра според планираното.