Oлимписките шампионки ќе играат мундијалско полуфинале

Репрезентативките на Франција и на крајот од 2021 година играат во одлична форма и покрај олимпиското злато ќе имаат можност да се борат за трофеј и на Мундијалот бидејќи во последното четврт-финале обезбедија победа од 31:26 против Шведска.

Во интересен натпревар со две различни полуфиналемиња Французинките, сепак, беа подобриот противник и успеаја да се изборат за триумф со кој продолжија во одличниот ритам кој го имаат од почетокот на првенството.

Од почетокот на средбата имаше менување во водството, а таквата игра траеше до крајот на првиот дел. И двете екипи имаа свои моменти, но најголемата предност беше два гола така што немаше голема предност која гарантираше сигурност. Како што течеше овој дел така и финишираше со нерешени 15:15.

Затоа вториот дел донесе контрола на резултатот од страна на олимпискиот првак. Франција постојано беше во позитива и во ниту еден момент не дозволи да има проблеми за епилогот.

Французинките стигнаа до 22:17 уште на почетокот на второто полувреме и овие плус пет гарантираа убаво продолжение. Швеѓанките намалуваа, но не можеа повеќе од три гола. Разликата се движеше од три до пет гола така што до крајот од средбата немаше никаков проблем за Франција. Шампионките од Токио знаеја како да издржат до крај и успеаја во тоа да се изборат за триумф од 31:26.

Флипес, Ласурс и Тобланк беа најефикасни со по четири гола во репрезентацијата на Франција, додека во Шведска девет гола имаше Хагман, а шест Блом.

Во полуфиналето в петок селекцијата на Франција ќе игра против Данска, додека Шпанија ќе игра против Норвешка.